слушач (м.)
88. И овде Мисирков тргнува од најконкретните примери што ги знаеле и сите негови слушачи на предавањево пред МНЛД: Ниеден Бугарин од Бугарското студентско друштво не замина да зема учество во Илинденското востание, туку само некои членови на ТМОК – Македонци, па дури и Руси, некои од кои и загинаа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Слушачите го мекнееја лицето. Некој ќе крикнеше, но толку тивко да не ја загуши оваа возбудлива приказна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не сум фан на ирската група „ЈУ-ТУ“, можеби оти кога ја започнав кариерата на пасиониран слушач на поп и рок мелодии, таков саунд не можеше да се слушне на винилските носачи на звук.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)