служи (несв.)

Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Служејќи му на Шкодралијата , каде што минав - гробови видов.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом некој од жедност посакаше вода да пие - служеа децата страдни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се спуштија други во Стан; и по куќите, вични, бараа пченични лебој, Доведоа оттаму десет ергенчиња лични: некој да служи ни требал!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ножове удриха в земја, пушки на колена; грло кинат, гласи креват: „Брго ти, ѓаурин, сестри л' имаш, или тетки, донеси ги овде, те нас редом да ни служат, да стојат на нозе; чаши ртедом да подават, чаши с вино п'лни.“
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ако л' в кашти дојдит Турчин него да дочакват с мед и млеко, с слатки думи и него да служит со што искат, с какво искат и с вино чрвено.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како преодни стадиуми кон полното одделување на македонските интереси од бугарските и српските, т.е. кон националниот сепаратизам, служат политичките револуционерни организации и политичкиот сепаратизам пропагиран од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ристе го донесе кафето, а Бојана по него топла ракија и почна да ги служи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова утро, кога Сукаловци ќе прават крштење, дедот поп ќе служи литургија. Затоа и тој, како Митра и Доста, стана уште в зори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо ќе ода да служа на цело село и којзнае дали ќе извада волку пари, ќе остана да му додевам на свети Ѓорѓија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Десното око уште служи. Се напрега, поцрвенува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Не те служам. Не плаќаш, се тепаш со моите гости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја пушти црквата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Очите уште добро му гледаат, но нозете слабо го служат и затоа се потпира со стап. Дедото се вика Стамен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе