сласно (прид.)
Додека, гостите сласно си ја дојадуваа пастрмката, беа обземени од планови за иднината, имајќи го секогаш Езерото на прв план.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја изеде со сласно оближување, со големо задоволство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така, седев на клупата, а тој сласно ме слушаше како плачам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)