сланина ж.

сланина (ж.)

И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе ги врзе трите камчиња, 2) трици од брашно или дрво под бичкија, 3) лош човек — трица трнка — растение со многу трнје троска — остатокот од железото што останува после горење на железото трпезница — долга софра — трпеза тук — салото што се топи од сланината кога се јаде само пржена тукче (деминутив од тук) туткан — будаличка, завапкан тутне — да помине овој бел век ќаа — чорбаџија што пасе туѓи овци со кирија на руга ќатипче — писарче ќедер — штета ќерал — дел од куќата (шпајз, мусандра) ќеше — сакаше ќешки — само . .. ќилим — црна шамија за на глава ќулка — детска горна облека со ќулавче ќурдија — машка облека — елек ќурче — легинско фустанче угич — брав што оди пред овци, специјално острижен уѕур — од досада од бес, од што нема што да прави укрилам — заштитам улишам — правам со некаков дефект, без нешто што треба да го имам улка — утка, будала, глупа жена уложје — кошулицата по раѓањето на дете или животно уми се — се мисли, се чуди Уќумат — околиска власт ушчип — мена на месецот кога се подјадува фарк — итер, мајстор, ербап, снаодлив човек филџан — чаша за кафе фудбал — гордост, на големо оди „фудул" — големџија цврцнат — поднапиен цинкам — се ењавам, стенкам црквар — што оди или не оди в црква црнгалест — калеш човек, жена црнило — во случајов мажот или жената е црнило на другиот сопруг цулувци — спуштена коса над уши и потсечена до под брада Чебрен — манастир крај реката Црна чеда шарени — мешани деца машки и женски чекулец — дел од самарот за кој се закачува ортомата чело — почесно место на софрата чепкам — волната се чепка пред да се влачи честица — дел од просфората од која се вади литургија чисти понеделник — понеделник по поклади за Велигден чмеам — полека вријам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Mope — нова млада невеста; море — питулици со мед; море, — кубаси со сланина; море — топли булиња!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Би испил аператив, сендвич со сланина, и би изел литар добро бургоњско вино.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога беше ручек време, оној напред застана и извади од торбата парче леб и парче сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше неколку кусови широка сланина и едно поголемо парче свинско ребро, нив ги нанижа со еден канап и ги обеси на таванот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За целото време мислеше дека е добро да ручаш грав, сварен со неколку парчиња сува сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- За ручек ќе испржам сланина! - рече, дојадувајќи го својот скромен појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан го распрета, па појде во темниот агол на одајчето, каде што во едно мало каче стоеше наложена, солена сланина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако беше ги затекол да печат сланина, никоја матна не ги носеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Испржи сланина, накрши јајца во тукот и по некоја колбаса, а Трајко пушти вино.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Извадија леб, сланина, цигари, отворија и вотка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо. Глувците ја изедоа и сланината и отровот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овдека има глувчарник, си велиме и редиме сланина со отров.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излитената зграда на бившиот хотел “Европска”, покрај која стојат киевските џин-рикши е голем храм, исполнет со сланина, кинин и конзерви, на кои пишува “Evaporated milk”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пак ќе јадеш сланина! Некоја болест ќе закачиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кети сечеше танки резанки од големото парче сланина и ги редеше парчињата во големата челична тава со бакарно дно и црна пластична рачка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе