сладок прид.

сладок (прид.)

Таа ги просветува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти поставија духовен органон и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за божји разум, со неа мнозина се насладија со животворна храна.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа ќе најдам сладок балсам .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ако л' в кашти дојдит Турчин него да дочакват с мед и млеко, с слатки думи и него да служит со што искат, с какво искат и с вино чрвено.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На тие зборови и друзи Силјанови што им ги велел на другарите, тие уште повеќе го насрчувале да јаде најслатки работи, чунки покрај него и тие јаделе и пиеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЕФКА: Слатка сестро Кево, ако ја направиме таа работа, манастир ќе направиме! (Си оди.) Манастир!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еј, еј, брате сладок, земја па земја! Таа ти е најарен пријател, таа те рани, таа те крепи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зоро златно и румено! Зоро слатка посестримо!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Да те видам каде везеш, Слатки песни каде пееш, Слатки песни, море моме, каде пееш Ем лично кај ми се смееш. (По завршувањето на песната).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мајчице слатка, си имала среќа да ти останам жива...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Причинуење Кој ли повте да ми дојде, кој ми зеде сладок сон, кој ми таму очи лаже, кој се метка по тој мрак?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
- Што, што говори, слатки сестри? Разбирате ли нешто? се тресеше над паднатиот старата Влаинка, збрчкана, црна, слична на оџачар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Возможноста да ги имаат тие пари предизвикуваше кај Црните браќа слатки мисли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оживеа од слатката надеж дека брат му ќе умре, се насмевна и ги протри рацете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе