слаб (прид.)
И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Но што!... Од огнот борбен момата се плаши млада; нејзиниот е мускул слаб.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
72. А тој слаб интерес е резултат на разочарувањето на Русите од „братушките”. Значи, и за тоа треба да им речеме на Бугарите: Сполај ви!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Изминаа уште 5 години на слаба деловност и ниски цени, но во индустријата повеќе не владееше истото расположение.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Додека во времето на индустрискиот полет профитите на финансискиот капитал се неизмерно големи, во времето на депресијата пропаѓаат ситните и слабите претпријатија, а крупните банки „учествуваат“ во купувањето на тие претпријатија за евтини пари или во доходните „санации“ и „реорганизации“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Еден од нив, во белешката за една англиска публикација која донесува извештај за конференцијата на подвластените нации и раси, одржана на 28-30 јуни 1910 година и составена од претставници на разни народи од Азија, Африка и Европа кои се наоѓаат под туѓинско владеење, пишува коментирајќи ги говорите на таа конференција: „Ни велат дека треба да се бориме против империјализмот; владејачките држави треба да го признаат правото на подвластените народи на самостојност, меѓународен суд треба да го контролира исполнувањето на договорите склучени меѓу големите држави и слабите народи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Дошла поголемата и уште од врата вика: „Стани, татко! Не си слаб!“ - „Не можам снао, вели Серафим. Да простиш, направив малку аџамилак, не сум чист.“
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Многу се изменил. Кога си отиде беше дробен, мал, слаб...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Рака му слаба нејака но очи молскат јаросно и срце врие, стануе за страшна лута одмазда.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Борците се вртеа еден околу друг, бараа слабо место за напад, диво стенкаа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Слепиот ѕид ја затвораше тесната улица - гол како крајбрежна студена карпа на која налетуваат слаби лотки, управувани од бури и виори.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се знае: каде лази мариовска и полска вошка, таму има аир, а од оние суртуцине: плетварци, оровчани, крстечани, деништави, небрежани и други пограѓанети селани можат само Долзите, Зојчевци и Даут да се користат по нешто, и тоа слаба работа, од некоја басмичка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко и Доста се прибраа, и по слабата вечера, се најдоа на чардакот во постелата од нов посталач и нов покривач.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Светлоста од слабата светилка не се одразуваше во неговите мртви очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се стемнува. Во тесна рамка на некој прозорец игра слабо пламенче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но нивните румени прсти ѝ се опираат смрзнати и нејаки и слаби црпејќи последни сили во топлиот сон за зелено
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Очите ѝ се слаби и дење, ноќе е како слепа, одвај ја забележува и светлоста на далечните ѕвезди, тие неми сведоци на оваа необична средба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)