скуси св.

скуси (св.)

Ела ти, бре Стојане! Само гледај од секој да скусиш, десетина драма! Чу ли? (Стојан го заменува Зафира).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Остануваше, чиктисан муцка в муцка со него, со тој скусен простор меѓу нивните очи, и не се ни помрдна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе погледаат во сонцето, па ќе погледнат во сенката за да видат колку им е скусена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нели такво нешто прават подлеци, кој се осмелува од гладни деца да скуси, од нивниот касај да дрпне?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бидејќи филмското разгледување на секоја од деветнаесетте милиони жртви на СНН -како мапата во природна големина - би им се потсмејувало на човечките напори, се сметаше дека е добро полето да се скуси, ако не и намерата, и да се пронајде, по пат на случаен избор, претставник на жртвите чиешто искуство би помогнало да се објасни овој феномен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Произлезени од некоја замислена комбинација (макар и генетска), скусени за сексуален и наследен алтеритет, удрени од наследена бесплодност, тие се осудени само да си изградат одново алтеритет отстранувајќи ги сите Други (Франкенштајн - но тоа е и проблемот на расизмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Здивот ми се скуси. Треперив. Можев и да се обесвестам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пред влезот на зградата три девојчиња играа ластик; не ги погледна туку само го слушна рипкањето и се упати вдесно, за да го скуси патот кон продавницата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа виде оти сите ќе 'и испасам и пак дома ќе му 'и донесам, и како што му 'и донесов, прати сина си тебдил да ми купи еден за да ми се скусат зајаците, арно ама откоа му зедов многу пари на сина му, му дадов еден зајак, арно ама му удрив и еден муур одзади на бутот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се зборувало дека врвот се скусил, а бетонските бункери издржале.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)