скривалиште (ср.)
Инаку ќе се збудалам. (Оди, зема од скривалиштето шише со ракија, се обидува да го отвори. Не може.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Арсо излегува од своето скривалиште, покажувајќи им го детето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Другиот мачор навистина брзо избрка еден глушец од неговото скривалиште, но кога Мацко го виде како трча кон него, почна да бега.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Сигурно некој го видел како се мушка низ дворот, му го пронашол скривалиштето, деноноќно го демнел.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Да бега. Каде? Тој не знаеше за друго скривалиште освен за својата гостилница и својата куќа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Значи, воздухот сигурно струи до скривалиштето, па спрема тоа, нема опасност Чанга и козите да се задушат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но кој можеше да претпостави дека Чанга ќе ги заѕида влезните врати од скривалиштата, и така ќе ги затвори сите пристапи кон утробата на тврдината?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За секој случај, повеќе рутински, решиле да ги проверат скривалиштата под тврдината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Библиотеката истовремено ќе биде и храм и монумент, но би рекол, истовремено и подземно скривалиште, кое ќе го заштитува од сите ментални напади диригирани од диктаторската власт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сега кога имаа безбедно скривалиште, речиси дом, не им беше особено тешко ни тоа што се среќаваа нередовно и само на саат-два.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зарем не е прекрасно скривалиштево? Го најдов кога се изгубив на еден заеднички поход.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеше да помине шест часови во скривалиштето и уште девет часови во сопствениот кревет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас тогаш преку нашиот човек презедов мерки да се открие причината за неговото излегување од скривалиштето со цел да дознам каде оди и што прави.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога некој шепна дека се зачувани многу свети книги од старата црква, а друг додаде дека ѕидарите сега сигурно ќе смислат да изградат за нив погодно скривалиште, па макар и во олтарот, ибн Тајко со голема гордост се потсети на книгите од Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој, навикнат на шеќерот со којшто повремено го прихрануваше и блажеше неговиот одамна признат стопан Брчалото, сега здебелен до отромавеност, попусто секој ден излегуваше од своето скривалиште во фурната, се довлечкуваше до портата и со подзината уста очекуваше од некаде да се појави Брчалото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Човечкото срце е толку големо, може да ги собере сите страдања, а не сакам да страдам, сакам да љубам, ми треба твоето срце, тоа е мојата мека перница,таму спијам јас, тоа е моето скривалиште во бурните денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Од своето скривалиште тој гледа како ги собираат убиените п ранетите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во таа османска тврдина во која почиваше османското време, во нејзината утроба во која пред Втората светска војна беа изградени скривалишта, се саможртвуваа козите спасителски заедно со нивниот наткозар Чанга, Татков пријател од тие времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова им го рече на оние три илјади борци на ЕЛАС, кои најдоа скривалиште во Булкес, северно од Белград.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)