скржавец (м.)
Го слушнав треварот Никола Влашки: „Луѓе, донесете зејтин. Побрзајте, скржавци. Круме е сиот во пликови.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак, си бил едно време еден богат скржавец кој скроил план како од тој Абернети да извлече лекарско мислење без да му плати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Да претпоставиме“, рекол скржавецот, „дека неговите симптоми се такви и такви; и сега, докторе, што Вие би го посоветувале да прима?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Делото кое најмногу оставило впечаток кај творечки расположените индивидуи и кај читателите и театарските адоранти, секако е комедијата за дубровничкиот богаташ и скржавец, Дундо Марое.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во ова невреме ноќва, зората испраќа порака, скржавец чекори во денот, мислата умира Тони нагонот во бездна, ѕвездите солзи ронат Во сончевината на утрото, бакнежи од зракот на сонцето Солзата се капе во сопственото езеро Во ритмот на срцето, немирот болка ткае
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тамаќарот (скржавец, циција) се самоубива со кубура купена на Бит-пазар! (Најевтино!)
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)