скочанет (прид.)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа скочанета замрзнатост во оваа пајажинеста, глува тишина. Од тоа онака боцкаво зрачеа илјадниците зеници...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во лицето, место сѐ друго, го штипеше една лута осојница, а виделината изгаснуваше во некакво сиво димење меѓу честите скочанети стебла со долги бели бради, од зад кои чиниш постојано си го подаваше своето таинствено морничаво наѕиркање некаква лута, сива магливост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Постоја како скочанета, а потоа слезе од скелето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Петлите своите утрински песни ги лигавеа како скочанети реси или како мразни синџири ги фрлаа во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш јас ќе имам склопени очи, бледо лице, скочанети раце спуштени на стомакот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)