склучува несв.
склучување ср.

склучува (несв.)

Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога не се шминкаше, од здодевност не знаеше што да прави, та често ги префрлаше нозете една врз друга, ги склучуваше прстите и ги отпушташе, ги вртеше прстените и на едната и на другата рака, ја потчукнуваше со дланките собраната коса и од едната и од другата страна дотерувајќи ја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во овој период земјите од Европа на меѓународен план склучувале меѓусебни договори едни со други и едни против други, едните да се заштитат од агресија, а другите со заеднички сили да ги остварат своите освојувачки цели.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
(Со нив склучува и тајни зделки: под тезга му даваат свежи зелки!)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во новите прекршочни одредби, за прв пат се споменува дека работодавецот ќе биде казнет со парична казна доколку: 1) обезбедувањето на мерките за безбедност и заштита на здравје при работа ги става на финансиски трошок на вработените, 2) не склучува договори со надворешни служби од областа на безбедноста при работа, 3) не им дозволува на вработените да учествуваат во дискусиите за прашањата од безбедност при работа, 4) не им ја презентира изјавата за безбедност и 5) дозволил пристап на вработени во области со сериозни и специфични опасности, а тие претходно не добиле посебни упатства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Стечајниот управник може, по претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија, да склучува нови договори за вработување на определено време за завршување на започнатите работи и за отстранување на можните штети.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Договорот за вработување се склучува во писмена форма и се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот, а примерок од склучениот договор му се врачува на работникот – и тоа на денот на потпишувањето (чл. 15, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стејт департментот укажал дека воопшто не гледа благонаклоно на таа идеја од причина што за Бугарија, како непријателска земја, сега е неприкладно „да склучува договори или други меѓународни акти, во период кога таа е под контрола на Сојузничка комисија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По извршениот избор со избраните лица се склучува договор за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со измените од 2015 година, обврската за пресметка на придонесите на овие две категории на граѓани паѓа на ФПИОМ, а обврската за уплата ја имаат самите лица, освен во случаите кога лицето склучува ваков тип на договор со работодавач кај кој е во работен однос или со други правни лица кои имаат сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)