скиселен (прид.)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Коле сега го потбутнува и со мевот. Бузо молчи и скиселено отстапува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но еден ден ни рече скиселено: - Немојте, деца ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Коле и Танас го зедоа под мишки и тргнаа да го однесат дома. Одев по нив скиселен и нем.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Мириса запуштено, одбивно и скиселено од нешто како остаток на задушен ветер и крајни мисли на малецки цицачи додека си ги одгризнуваат стапалата и крварат до смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа има скиселен израз на лицето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)