скептично (прил.)
Секој од нас веќе бил, или ќе се изненади, можеби скептично, при прегледот на антрополошките податоци за огромната варијабилност во начините на доживување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Било која форма на знаење која би му упатила предизвик на неговото скептично разбирање на светот наидуваше на негово снажно неодобрување, дури осуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Татко понесен од овие идеи од своите книги за јазиците, влегуваше скептично во новата мисија, за разлика од Климент Камилски, кој веруваше дека опасните османизми, не само што ќе ги ослободат балканските јазици од непотребната агресивна конотација на некогашната Империја туку ќе отворат и простори да се откријат зборови и кованици за нови значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)