скепар (м.)
Скепарот блесна на сонцето. Работникот се вангелоса.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Неговата сува ковчеста рака махинално ја фати и грчевито ја стегна дршката од скепарот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И сѐ правел само со нож, со секира, со скепар и едно две-три сврдлиња што ги донесол од Влашко, самоделски, на ковач правени.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Само да најдеме некој учен, кој на хартија ќе ни прави цртежи на куќи, а ние со скепарите и со мистриите... - мечтателски воздивна Кољо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Со нашите скепари, чекани и мистрии ќе го разубавиме векот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А, вие, будалаците, би рекол, жими вера, опашајте ги мистриите и скепарите и ајде, ојте по селата камен да делкате, куќи да градите...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)