сит (прид.)

Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Доста пак сакаше да биде и „волкот сит и овците на број", да му даде нешто малку многу на Крча и со тоа да го откупи целиот Трајков мал, да ѝ остане за Толето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега знаеше дека горнопланинците, оние отаде нејакиот поток кај што земјата подѕирнува тап камен, не можеа да се пофалат со сит живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не можеше да се истрезни, и без разбирање (сепак разбираше) го гледаше розовото детско лице, смешниот сит лампион без една брчка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Во тој случај колку ќе останеш со мене?“ ја праша еднаш другиот - млад и сит и безгрижен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А таа, сита од тешкиот здив на тој до кого лежеше, се поткреваше на лакти и зјапаше во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќва можеш да се префрлиш таму со камион.“ „Од утре,“ се исправи и Отец Симеон. „Дојдов кај тебе заради тоа утре зашто бев сит од номадство. Благодарам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во косата, како сениште, почнуваше да се одближува црвениот лав на сонцето, добродушен и сит, мислиш вистинскиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека ги средуваше во сандакот, мислеше дека ќе има храна за едно дванаесетина дена, ако го распредели сето, што го имаше така, за во секој од тие денови да биде донекаде сит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Им подаваше, бргу, ракофатно, од зад својот тезгав, ставаше на тие дланки од храната, ги нахрануваше и ги испраќаше да си одат од кај него, сити.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Не ми е веќе до убивање, сит сум...“ им велеше тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Визиите не господареле над него и над неговиот сит, безгрижен, тромав живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клисарот Нестор, гледајќи како ги ранат војниците, им велеше на селаните: - И нас на фронтот, пред секој напад, вака нè ранеа... Сити да нè најде смртта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дома се вратив сит, задоволен и наострен за дејствување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе