силина ж.

силина (ж.)

Еднаш почувствувана ревноста разјадува, со необична силина тера, гони да се покажува низ секој збор, движења, здив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се џариме низ прозорецот од куќата на чичко Лозан, а восхитот ни навира и ни пламти во нас со силина и машкост.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги распетлуваа градите од силината што им идеше, се соблекуваа голи и скокаа во езерото да се ладат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Брзо, брзо кај Маса Ќулумоска. Ми закуша жената и ми ја тргна силината од главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се спушта од небото со златен топуз в раце, гласот му татни со силина на седум громови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
17.10 Дрогата удира со сета своја силина - Па, па „топол и еластичен“ свету и полека се пуштаме по тобоганот на жестоката, еуфорична, извиена, параноидна, бескрајна, дива трка со испревртеното време.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Силината на ударот речиси го поткрена од подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напати Митра се чуди на големата снага од својата ќерка, како можела таа така ситничка да ухне толку многу силина во неа, ама сега, во оваа лоша зима, ѝ е благодарна што ја грее со својот голем оган.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Признавам, дека во таа силина на поривот, помислив дека, најпосле, можеби на главниот резервоар ќе се стави некоја спомен табла со моето име. Би било ред.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од силината на неговиот глас или од светлината на стиховите и зборовите, застанало и се скочанило сѐ околу и таму и потаму.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вдахновен (чувство кое одамна и со таква силина го немаше обземено), зеде да направи скулптура по која ќе го паметат сите и со која, поверува, трајно и достојно ќе влезе во историјата на уметноста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Очите подруго ми гледаа, ушите поинаку ми слушаа, во мене со друг ред и со друга силина влегуваа зборовите и со друг ред се пластеа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговиот глас ја нема ни силината ни цврстината како тогаш кога го пушташе од дрвената кула во дворот на Одборот во Гаково кога постојано си ја поткреваше црната коса што му паѓаше над десното око.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во прашање е можеби нашата желба да си ја испробаме силината? Или нашата отпорност ја клаваме на проверка?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го нема човекот што го познавав! Овој што го видовме го имаше само неговиот глас, мил и топол, со позната боја, ама без силина и цврстина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Им го остави и грипот, ама на младичот и еден несфатлив немир што тој не се обидуваше да си го објасни, бидејќи треската го зафати со таква силина што веднаш го кутна в постела.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И Земјата се свиткува, но таа од самата себеси, или од премногу силина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе