сетува несв.

сетува (несв.)

Павле скоро повеќе го сетува одошто го чул. Му станува јасно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Но сетувајќи дека постарата сестра ја стрелнува само со крајче од окото, придава: - Си можела сепак, Мими, да му донесеш некоја играчка, барем од две илјади динари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сликарите се отворени и во недела претпладне, - се сетува Соколе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се сетува за писмото, го отвора и чита.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)