сетен (прид.)
Што рика рикаше дивината сетната волчица пцоиса по голините не ќе се природи волче!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)