сертификат (м.)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
1. Надлежни органи а) се утврди временски рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација, за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи, како и за постапките за издавање на сертификати, кои согласно овој закон, се спроведуваат од АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗВРС/окт.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)