сериозност ж.

сериозност (ж.)

По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неговиот предлог сите го примија со најголема сериозност но јас не се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Домаќинот со света сериозност слушаше, ја разгледуваше својата рака без два прста, ја нишаше главата како да сака да ја откорне од нејзиното лежиште.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја... - Ако е така, тогаш одиме, војводо! - со почит и со сериозност во гласот рече доктор Коста. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ние сме под протекција“, со потсмешлива сериозност рече мајка ѝ .
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така правниците во серијата L.A. Law со најголема сериозност ќе го третираат случајот на клиентот кој по смртта сака да биде препариран!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Американската знаменитост Jane Fonda со патетична сериозност го рекламира сопствениот пронајдок - евтино, пластично скалило за обликување на ножните мускули - со истата онаа патетична сериозност со која некогаш одамна протестираше против војната во Виетнам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве, си помислив иронично, некој најпосле решил да ме чита со целосна ангажираност и сериозност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Парсонс, чие внимание беше привлечено од знакот на трубата, седеше слушајќи со подзината сериозност, нешто како побожна здодевност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Укажа посебно на сериозноста на пишување проза - што бара трпеливо прибирање податоци, критички однос кон нив, формирање ликови, макотрпна деноноќна работа - некогаш на машина за пишување, а сега на компјутер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сопственото прашање му стана смешно така што одвај се воздржуваше да не ја изгуби сериозноста од лицето со која го постави прашањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Излегоа испрашени Алајко Ошев и Мире Ирчев, ја истресоа прашината од палтињата, ги стегнаа вратоврските, со трева ги светнаа чевлите и чантите, се искашлаа длабоко, се забришаа со шамивчињата, и се погледнаа со истата сериозност со каква и тргнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Читачите си ги читаа книшките со сериозност на парламентарци.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
На неа разговори чија сериозност зависи и од нејзината форма – тркалезна, аголна, канцелариска, барска...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека самиот приод кон храната, однесувањето кон секој нов касај; насмевката, сериозноста или загриженоста на поединецот кој внимава на секој свој но и на туѓите гестови, сите тие поединости преставуваа посебни приказни потчинети токму на тој одамна совладан механизам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога е во прашање злото секој обид што може да го помогне неговото одложување или оневозможување, си го чини трудот - рече тој веројатно во желбата да му ја врати на разговорот потребната сериозност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе