сенчест (прид.)
В сенчести гранчиња тука кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, таговно в пресрет и кука.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој, силниот цар на сенчестите планини, тогај помил ѝ станува тројно.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- Не врескај, момче! - во сенчестите зеници на Џемал-ага се збра замаглина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор веќе сѐ појасно гледаше во сенчестата влага на очите од Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го сонуваше Змејко многу често својот бел коњ, својот Чилко, знаеше тој по цели зими да го сонува само него, а оваа ноќ во сонот тој беше јавнат на својот јадар коњ и одеше низ некаква сенчеста шума, додека клопотарчето на вратот од Чилко приспивно трангараше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Високи сенчести буки одеднаш се наредуваат од десната страна на патот и простираат пријатна ладовина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ги остави термосите крај патеката и ја забуца главата во сенчестиот папрат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во зелениот сенчест црковен двор, под круните на старите ореви и чинари, вриеше од народ. Жени, деца, мажи, старци.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На цвеќиња, на јаготки, на косено сено, на далечни чукари, на сенчести кории, на студени извори, на ѕвонливи стада...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На првиот кат од зградата во заднината некои сенчести суштества се собрале на советување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)