семинар (м.)

Лакан се бави со таа разлика во својот семинар за идентификацијата, кадешто неговиот аргумент е дека не живее само субјектот во јазикот, туку и домашните животни; само што нивниот однос кон јазикот е раз­личен!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој, зборуваа студентите, во почетокот на семестарот ги земал од библиотеката на Отсекот повеќето книги што на директен или посреден начин биле поврзани со темата на неговиот семинар и до крајот на семестарот ги чувал кај себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Одеше на театарски, драмски и оперски претстави, на концерти со симфониска и џез музика, на ликовни изложби и промоции на книги; а се подразбира, и на собирите на Друштвото на лекарите како и на семинарите што зафаќаа во неговата област.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Значи, ти си тука дојден на семинар по метеорологија? - ме потпраша тетка ми, погледнувајќи го тетин ми со поглед кој велеше „ти реков дека е многу умен“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овој пат сепак мораше да замине - го испраќаа службено, на некаков семинар за, како што тоа модерно се велеше, „менаџирање на ризици“.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Овие два дена сум на семинар во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Користејќи ја можноста на еден дводневен семинар во Скопје, Рада реши замислата да ја спроведе во дело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)