семафор м.

семафор (м.)

Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Немавме време за разговор, за поздрав ми мавна со раката зашто на семафорот се појави зелено светло а пред крстопатот не можеше повеќе да се стои...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Црвената на семафорот ги дразни машините додека матадорски минувам пред нивната скротена вжештеност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не забележал дека семафорот ги променил боите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Последниот од последните оџачари скопски, меѓу два семафора – брзински расисти, меѓу два контејнера – ѓубрефрлачи...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Колата која стоела на семафорот 33 секунди по 33 метри се забива во некого што токму стапнува, и убива.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој вози такси и напамет го знае тајмингот на семафорите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една недела пред пладне, веројатно следната, отиде да ја однесе колата на миење кај Воената болница, пред семафорот кај Александар палас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стигнав до првите семафори. Стигнав до првите семафори. Само жолто трепкаа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минутата помина. Семафорот се отвори. Мерцедесот, на општо изненадување, тргна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бешир минуваше и низ црвени семафори откако ќе забележеше дека немаше коли од десната и левата страна на попречниот пат! Никогаш не возел побрзо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имаме време да размислиме, додека е вклучено црвеното светло на семафорот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На таквите запаленковци, доволно ќе им биде да се сретнат на пешачки премин додека е во функција зелениот сигнал на семафорот и да си подадат рака во знак на разбирање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како изгубено дете, а семафори никаде нема.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)