секидневие (ср.)
Зборувам за обичната, мала среќа. Онаа, од секидневието.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-Мојот живот е многу обичен - додадов - и според она што претставува мој животот и мое секидневие не верувам дека имам некакви шанси и место во литературата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не бев сигурен за што точно размислуваше Роза, таму, на игранката, но забележав дека со лесни женски движења на левата рака, бркаше некоја мушичка што ѝ сновеше околу трепките, а потоа наеднаш ме погледна и речиси прошепоти: „Нели, умните ги праќаат во лудница за да ги снема, а нас, лудите, нѐ оставаат овде, да бркаме мушички. Убаво збогатување на секидневието.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)