сеир (м.)

Та сега нас ќе не сајдиса и помин со таква ќе се помине. Токо, ка да си правиме сеир со умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата им нареди на каданите да наседнат на диваните и да гледаат сеир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако мислите дека ќе излезе интересно, ајде и ние да погледаме малку сеир како се пече попчето живо на жарот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Сеирот доаѓа, - ми вели Турчинот, но јас не обраќам внимание на неговите зборови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На троногалче седам и сеирот си гледам и немам што да правам па во оган дрва клавам и се мавам со чеканче по колено за да видам дали ми се добри рефлексите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Им фали на ел-ејските балкони онаа примарна, суштинска, есенцијална балконштина наречена „гледање сеир“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Да ви го фукне Фуко. Од љубов, и за сеир.“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За сеирот којшто ќе ти го фаќаат и да не праиме муабет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Влезе командирот, испеглан, чизмосан и опашан со неколку ремени и ни вели: - Знаете ли вие, дека таму во Егејот нашиот народ крв проплука од тие клети Грци и крв лее, а вие седите тука, особено ти, ми вели мене, седиш, читаш „Нова Македонија“ и „Титов пионер“ и сеир си правиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да се жалам? Кај кого? Аскер грчки имаше ету таму, ама аскерлиите и нимните големци сеир си правее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)