сее (несв.)

43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наместо тие благородни задачи, православјето сее само раздор и омраза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Есенен угар нека се бразди, земете плугој, брани, сејте, о сејте загони долги, Еј, народ да се храни!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Професорот по цртање одеше помеѓу клупите од еден на друг, нѐ влечеше за коси, сееше со прстите нешто невидливо и се лутеше. - Што, ова да е кралот? Дибеци едни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедот Петко стана, си киниса за да го најде поп Трајка, Илко се разврте, нацепи дрва, Митра извади брашно и почна да сее во ноќвите.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Трајче ја зеде борината, мајка му го симна ситото од клинот, ги отвори ноќвите и почна да сее брашно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па така многу поранешни ниви, на кои дедо Димо сееше жито, беа претворени во сливарници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Mope бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Снегот само си сее и снежинките, ко пеперужиња се збираат околу кандилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добровечер - ветре вее и свежина сегде сее.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И смртта што ја сеат им е позајмена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не го гледам стопанов на куќава, ора?“ „Ора, сее - кој ќе знае“ се протегна Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми со години го криеше неговиот глас, првин од нас, неговите деца, од мајка ми, за да не сее премногу немир во нашите души, првин сакаше да ги филтрира тешките пропагандни пораки, кои секогаш целеа да ги доградуваат душите на луѓето како со чекан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе