седело ср.

седело (ср.)

Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако сакаш - утре ќе бараме птичји седела. - Има ли? со недоверба прашав. - Што има ли? Ќе одиме кон Водно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама ќе ми остане и сермиичката негова, та за Илковата — да се обришиш, Мишо!“ — си велеше Митра за себе и почна да ја распрашува Доста: кога отишла од Рожден, зошто отишла, кога умрел мажот ѝ, како живеела во Солун, кај кого седела, што работела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука ги најде и остатоците од едно старо седело и огнето од нив сосема порасте, така што сега веќе можеше да му го стави и најсуровиот прат, што го скрши околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таму постојано имаше по неколку кокошки, и често по некое јајце, кое за мене претставуваше вистинска радост, јас да го најдам и јас да го извадам од седелото.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Останува само птицата да тажи за седелото свое и оваа празнина што сака да ни се всели во виделото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И тие само ги отвораат устите, ко необлечени пилиња ги отвораат, ко голичарци, испаднати од седело. 154
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така го кладовме пологот во седелото, тргна коренот, се шириме, се темелиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крилјата ви се силни како кај млад гулаб што се родил тука, во топлите седела на старите карпи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во нејзините дупки и пукнатини живеат разни птици кои постојано испуштаат глас, веселејќи се или карајќи се која подобро живеалиште да фати; но кога ќе видат заедничка опасност: орел или лисица, се кријат која каде стаса, често во едно седело.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Латици од облеката ни останале запнати по трњето, чавките ќе прават седела од косите наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе