сврати (св.)
4 песна - „Пуштајќи го денес изутрина на волја гласот чета од стомина сврати во Стан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
НАЦА: Се свратил, безбели, в меана, да тргне една-две чашки.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Инаку би свратиле до Елисие, штом еден коњ дал за колеч, нека даде уште еден за пренесување на ранет борец.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега татко му сигурно ќе сврати по оној осамотен сокак па ќе фати накај крчмата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќе продаваш по струшките уилици млеко, ќе свратиш и кај чичко Талета.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Веројатно ќе свратеше во затворот, ќе го посетеше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Свратил, како што рече, онака, случајно, на минување при враќањето од средбата со некој нивен Сергеј, образован и умен кој специјално и со задача пристигнал од Скопје.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Негде, околу десет, свратив на едно пиво кај Ило Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога се враќаше дома навечер од корзо, Баге прво ќе свратеше кај него и ќе го кренеше на раце како рулче - беше лесен како перце и сув како лешник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Непријателот беше веќе поразен кога еден дел од нашата единица сврати на починка во таа куќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако знаев дека во нејзиниот дом можеле да свратат сите што биле прогонувани.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во ановите каде што свраќаа, секој од нив имаше по некоја средба со кирајџиите патници, а тие секогаш расправаа по нешто интересно од згодите по долгите патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во меѓувреме Алегра со мајка ѝ ја посетуваа Бенвениста, а во раните квечерини речиси редовно свраќаше и во дуќанот на вереникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ја плашеше со брзата рипка што можеше и овде да сврати.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Често пати навечер, ко ќе заврши работнио ден, по пат накај дома, ќе сврати во крчмичено „ Драгор“ да се види со другарите, да се напие чаша вино или ракија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сите борци кои го дадоа животот за Македонија тука ќе свратат, тука на наша врата ќе тропнат, и со мртвечки раце згрчени во сонот, ќе ги угушат чедата нивни, ќе ги опакостат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)