свиѓа (несв.)
Цел век бев кукавица. Со вас, ми се свиѓаа валканите работи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Гараж–сеил – у превод ”бувљак пред шупа”. Се организира со цел да се отарасиш од ствари што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Лани беше номиниран за Голден Глоуб за една продукција на Милош Форман, иако мене многу повеќе ми се свиѓаше неговиот саундтрак за извесен нискобуџетен мексикански филм.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
А он ме свиѓа, трепка кога ќе ме здогледа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ама ако е сам, може е некој чудак, или будала, ама, ме свиѓа, му ја чувствувам хемијата, и оној тик го има само мене кога ќе ме види. Инаку, не трепка со другите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Уште ме свиѓа, ама јас не го свиѓам веќе!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)