свирне св.

свирне (св.)

Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (убедливо). Море, кога ќе ѝ свирне вујко ѝ и оро ќе игра!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Наеднаш некој свирна зад нас со познат знак. Се завртевме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Напролет, предвечер, ќе свирнам со кавал, слушам славеј ќе се огласи, ќе свирнам пак - тој одново ќе се огласи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман свирна низ заби и легна на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Очите можеа да му прснат, бабреа и побелуваа, усните болно се збираа, чиниш ќе свирнат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И запомни: кога ќе свирнам трипати, не го сметај тоа за серенада и не воздивнувај.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кога некој свирна со прсти и даде знак за молчење, Коле застана до стаблакот и прошета со очите по нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Чудно е дека јас му го исплазив јазикот, му свирнав, а тој мене - бонбонче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еднаш јас така, му грлев кошулче на Ангелета, и само што го засеков платното туку ми свирнаа во ушите, ми забучија во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Свртувајќи се кон Кејтеновиот син, му рече: - Кој си ти, ѓаволе? - и, не чекајќи одговор, му свирна една преку уши. Мислеше со десната рака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги затворија вратите од вагоните. Локомотивата свирна и тргнавме по шините по кои јас појдов пеш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Првин ме кренал Коле, ама само што ме префрлил преку рамена и еден куршум — фрп — да му свирне в теме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во правоаголникот на отворената врата се распна сенка и тивко некако детски , свирна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе изодиме еден ходник и ќе свирнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и возот свирна, го кажа часот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Црвенкапа“ (така го нареков оној чичко што му дава со свирење знак на машиновозачот да тргне возот), свирна и компзицијата се раздвижи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Свирнал. Ежот, затреперувајќи во својата претпазливост, плашливо ја спроврел од игличестото кожувче малата муцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ај, си присторив. Па овој мене ми го свирна, си реков. Или ќе ми го свирнеше.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе