свечено прил.
свеченост ж.

свечено (прил.)

Но јас него ќе го отрујам, свечено изјавив додека смислував пеколни планови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пет Еврејчиња, некако свечено чисти и облечени, стоеја во група и се расправаа нешто што ние, далеку од нив, не можеме да го чуеме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Средбата, се разбира, беше срдечна, само што војводата не остана задоволен од тоа што се разбега народот и што не го дочека свечено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дамкавиот свечено ветува дека ќе ѝ го чува внукот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зад следниот рид ги чекаше сиромаштија: свечено тажни гнезда на луѓе, свет што живее, што пати или се радува поинаку и од едниот и од другиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лицето му се подмлади, забите станаа побели и посветкави, и тој, во сладок занес, ги склопи очите, свечено носејќи ја во себе скриената болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да биде некое свечено умирање, лирско трагично и тажно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби и вие, гледајќи го снегот како свечено ги кити гранките на дрвјата, сте ја шепотеле некогаш таа песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога ќе го чуеше нејзиниот глас Тој го навиткуваше големиот часовник Кој точно на пладне биеше свечено довикувајќи ја неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Претставата почна доста свечено, со молк.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наспроти нападното согласие на зборот и гестот, стават ѝ беше дури свечено мирна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вистина, времето е уште ладникаво, но секаде е свечено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и сето лице ти е посвечено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ќе го внесам него малку подлабоко в земја, рекол свечено како да се колне пред лик на светец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите свечено облечени, во црно, собрани околу мене, со лицата светнати и забите чакнати. Јас сум на средината.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе