светликав прид.

светликав (прид.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Отворам, а однатре, од ѕидот, ме гледаат Сталин, Маркос, Енвер Хоџа и еден светликав лустер што се подава ко букет од мразулци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хаосот се дели на купчиња, се пакува во светликави пластични ќесички и се затвора со сигурносен патент. Цап!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На сликата се гледа дека тој е облечен во долго црно палто, кое се нарекувало фрак и дека носи една необична, светликава шапка обликувана како ќунк за шпорет, која се нарекувала цилиндар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крај ѕидовите беа наредени некакви дрвени машини пред кои на подот седеа деца, а на сите страни имаше големи клопчиња од тенок, светликав свилен конец во разни бои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе речеше: „Два волка заклале срна на левиот брег на реката Ломиа, а од нејзината последна издишка се овие светликави пенушки врз далгите.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како чавка која чува светликави предмети во своето гнездо, привлечена од нивната уникатност, тој умееше да биде добар пријател како протагонистот Чавка од еден стар југословенски филм.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој мораше да јаде по едно ровко варено јајце секое утро за да му биде крзното светликаво и бујно и мораше да се храни со одбрана храна, со месо без сланина и со најсвежо хомогенизирано млеко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се насети светликава романтичност во нашите очи која се надополнуваше и засилуваше од отсјајот на свеќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Јас... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)