свари св.

свари (св.)

Ако сакате и костење да ви сварам. Се нашло...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Истребија жените еден котел царевка, уште еден грав; ги сварија во големите латвици, и кога дојдоа сповојничарките, секоја со по двет-три деца, ја исркаа царевката, го макнаа грашокот со топлите булиња и погачи, го поткренаа сите „новиот човек".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека другите попови насекаде пливаа во изобилство нашиот нов поп Петко немаше ни грне во кое да свари грав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно време ѝ порача на жената да им свари кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Бошко, откако ѝ рече на снаата да свари кафе, му кажа на Лумана: - Те чекав уште неќна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За целото време мислеше дека е добро да ручаш грав, сварен со неколку парчиња сува сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Домаќинот мораше да им свари кафе и да ги почести со него. Не смееше да ги остави сами.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трајче тураше брашно, а Евто мешаше... Кога кашата се згусна, качамакот беше готов и сварен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Свари полно котле качамак, го прели со врело масло, испече и сланина, стави врз него и грутка сирење, па јадеше како да е царска гозба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Додека завршам кај говедата, си помисли, тие ќе се сварат.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се врати во колибата да се погрижи и за себе. Компирите веќе беа сварени.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш Трајче свари чај и ѝ го подаде на мајка си.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нѐ послужија со чорба која е сварена од коктел на зеленчуци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој го крева месото над главата и вика, талалика: - Чекајте, луѓе, вика, чекајте да го свариме, па варено ќе го делиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чекај ќе ти сварам ошавче, му велам, зошто цепев сливи, зошто правев сушеници, велам и одам, барам, клавам да се варат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се переш, - нема сапун. Нема и од што да свариш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Месив зелник со праз, вели, или да ти сварам кафе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе