сателитски (прид.)
Идејата како во Албанија, со револуционерен јуриш, да се искорени троверството од сопствениот народ, со забрана на Бог, со забрана на небото за душите, со сите можни облици на душевна тортура, продолжува да биде отелотворена во последниот атеистички музеј на светот, повеќе години откако Советите и неколку други сателитски земји ја увидоа грешката.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа проектира мошне прецизно јасна светлина, фокусирана врз една позиција од која произлегоа безброј човечки жртви, силни страдања и депортации, толку многу доброволно и принудно ропство кај сателитските народи на СССР.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тивко исчезнуваа, се обезвреднуваа, сѐ помалку имаше нејзини верни приврзаници, зајакнуваа центрифугалните националистички сили, се поткопуваа темелите на земјата која во биполарната епоха ја одржуваше рамнотежата меѓу источниот, комунистички свет, со разнишаните позиции на Советскиот Сојуз и неговата сателитска заедница, како и евро-атланската заедница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици, како што е на пример легијата на странците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици како што е на пример легијата на странците...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)