сателит (м.)
Советите со спутникот (американските сателити ги нема на Изложбата), со балистиката и со супер модерната авијација, а Американците со своите електронски машини и со својата сирхорама.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Боинг има план да проектира контролор на лет во виртуелен простор, така што контролорот плови илјадници метри над аеродромот, гледајќи со непопречен поглед во која било насока (додека всушност седи на земјата хранејќи се со правовремени визуелни податоци од сателит и повеќекратни глетки од камери).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Спецификации за цел, комуникациски сателит што не е заведен..“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сталин беше прогласен за врховен виновник за милиони, милиони невини жртви во земјите на СССР и неговите сателити.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓутоа, испратеното оружје освен во борба против окупаторот се користело и за борба против партизаните.29 Но и покрај многубројните британски настојувања за целосно активирање на четниците на Дража Михајловиќ во борба против силите на Оската и нивните сателити, тие колаборирале со Италијанците против партизаните, потоа со силите на Недиќ во Србија и со дел на силите на НДХ во деловите на Босна што ги контролирале Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Според Литре, јаничарот е нечиј сателит кој им служи на туѓи интереси.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа беше точно како трабант, како војник на телесната гарда, кој постојано го следи својот господар- животот, кој постојано живее и се одржува духовно и физички во сенката на господарот, како ѕвезда пратителка, како сателит кој го придружува секогаш својот одбран објект.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Една од нив уживаше привидна независност додека другите од нив беа поделени меѓу Германија и нејзините сателити, Унгарија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
(Се вели, во злодух, дека тие се сателити на кој било авторитет.) С est bien dit, mon vieux! (Добро речено, стар мој!) продолжи Камилски на француски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
(Според негативното значење, јаничарите се сателити на нечиј авторитет.)
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Токму тоа сакаа да го направат империите, да ги потчинат малите народи како нивни сателити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)