сардина (ж.)
Риби, риби, рипчиња... Нежно и грубо, тивко и гласно - како да се препорачуваа секакви риби - кркушки, крапови, сардини, гласот шушкаше како вечерен навев - надоаѓаше, се разлеваше, се повлекуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Паша Емиљевич можеше да прождере два килограми сардини одеднаш, што еднаш тој и го стори, оставајќи го целиот дом без ручек.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
До немај- каде сличен на сардина во конзерва, сардина со глава и со мисла во главата, прашав зошто сум на колата и зошто сум врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не издржа, се врати назад во кујната од каде што, на наше огромно задоволство, секој ден ни носеше нешто за јадење - зденки, мали мармалатчиња, месни нарезоци, конзерви со сардина... а тоа за нас тогаш беше...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тенка од изгладнетост, лапаше како да не видела храна, и, навистина, последното што го беше јадела беше натопен леб помешан со конзерва сардина, па сушен на сонце.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)