сап (м.)

И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа Змејко го чувствуваше како напор при пречекорувањето, воопшто не како некакво заоглавување, но на Претседателот, а особено на Језикила, тоа сосема им ги скусуваше чекорите и тие често застануваа и дишеа со сапови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа одам кај коњот и го удирам со ракава на истото место на левата сапа, и тоа веќе се познава, печат од мојата десна дланка на сапата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)