самота (ж.)
Да си в Париз, да си така сам и самота така да те кине...
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
На правливата земја долго спиеше и во оваа самота протрчуваа стаори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само не вака. Не вака, со овој свој гостин, што трепереше онака исплашено првата вечер, а после што ти даде можност да ги споделиш со него сите оние свои најоптегнати безгласности на твојата самота, сигурно дека нема да можеш, човече.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Албанците, според Татковите претпоставки, најверојатно останале нивниот најархаизиран дел, оставени во голема самота и во заборав во историјата, со постојани граници околу нив.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Додека траеше жалоста, а таа за нас и никогаш не заврши, сите синови, снаите, во црно, останувавме со Мајка, во куќата на смртната самота.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од жилите на ореовината оживувал Пустиник Во очите на Пустиникот светиот пат и самотата на сите патишта пусти што водат кон ниедно море кон ниеден град.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„А јас клучот на спокојот го носам за да ја засолнам самотата во ноќта мирна Така од ѕвездената непрегледност ширна далгите езерото кон брегот го носат“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)