самоопределување (ср.)
Напредните слоеви на српскиот народ уште по Првата светска војна ја согледаа вистината за македонскиот национален ентитет, па не беше само Коста Новаковиќ што во 1924 год. изјавуваше: „Јас сметам дека секој народ, па и Македонците, треба да добие право на самоопределување…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
а) Задржување на сопствени македонски борбени единици во рамките на ЕАМ. б) Задржување на сопствена политичка организација како интегрален дел од грчкиот национално ослободителен фронт. в) Целосно право на самоопределување вклучувајќи го и правото да се отцепи или приклучи кон која било држава по нивен сопствен избор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во документот посебно било нагласено правото на македонскиот народ на самоопределување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Македонскиот народ од делот на Македонија под Бугарија низ активното учество во антифашистичката борба го извојувал своето право на национално самоопределување и се до 1948 го остваруваше тоа право.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Делегатите од тој дел ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на земјата и за признавање на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Прашањето на национално самоопределување стана многу важно, поттикнувајќи ги САД да го истражат македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)