самовилски прид.

самовилски (прид.)

Се направи навистина самовилско оро, само не во планината кај студеното изворче, ами во салонот на прилепскиот кадија крај еден старец од педесет-шеесет години.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мислите му беа жолти и лепливи, се кончеа скришум и ползешкум, многу слични на една трева, што ја викаат самовилска коса и што расте по најзаглушните места и најниските присои, едни сосема лесни, тивки, шупливи мисли, токму како таа несигурно поникната тревка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука мразот беше заискрено бел, исто како сребрената смеа на пената, а таму беше сосема зелен, како замечтаените самовилски вирови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Навистина, само самовилска светлост можела да ги изгони сенките на сомневањата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А таа? Зад својата самовилска горделивост, сепак е мошне кревка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Над него се разлетаа бабини вретенца, во Пупипафија познати како самовилски коњчиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Првин оглавите еленски, па шапката со која го призакриваше голото лице, па стравот од самовилската магија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога прв пат ја видов, помислив дека таа во самовилските коси, долги и необично црни, ја крие ноќта, а во ноќта сатаната.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Летоска, откако го видов објавен Зборникот јуначки, жаловни, смешни овчарски, самовилски, љубовни и други песни со душата на мојот народ и на знаците на кирилицата нанижани.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еве го иде Богдановото девојче, свирката го домамила, свирката од Петровото срце, слегува таа на негов вик, како да слегува од гората, самовилска ќерка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа е дојдена за друго, самовилска ќерка, таа е дојдена да ги земе Петревите лоши очи, тие очи во кои засекогаш ќе биде најубав нејзиниот лик, а нему ќе му остави пуста темнина во која ќе ја бара.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Победна покорност што го тера да го спушти мрачниот поглед, дека тој се плаши за своите очи, печален свирач, еден браток, еден синок, на самовилско оро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа лице имаше нереален и нестварен изглед и нејзиниот самовилски изглед беше позасилен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во таа девојка имаше нешто самовилско.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Мајчице мила, еве го доаѓа - китка темјанушки ми подава... венче ќе си сплетам... коси ќе ми расплете... самовилски танец ќе му заиграм...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А самовилата со својата волшебна убавина и самовилски танец толку го маѓепсала та со очи оџарени легнало во нејзиниот скут.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дали заиграла некаков самовилски танец?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)