родител (м.)

Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се заљубат двајца млади и родителите им пречат-попот треба да ја нагласи работата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Долго време лепилото го викав иже јеси од што моите родители загрижено вртеа глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако пак е дојден тој слепиот саат, шо велат, јас од него не бегам; токо, пак воа го вела овде, пред вас, како пред свои родители: шо имаме да си кажеме напред, да не речеме утре, ни он, ни јас, оти сме се излагале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Св. Кирил и Методија дадоа учениците приредба за родителите и за другите присутни селани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Родителите на Пецета се погледнаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Убаво го запомни селото и родителите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да бидеме живи и здрави, ќе ги прибереме и твоите родители и браќа кај нас, како што ги прибрав јас моите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со свој јазик им го објаснуваше на своите селани во кои спаѓаше и Анѓа со своите родители.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од петокот изутрината, кога првпат ја виде на колјата Панде толку многу се разволнува што не можеше веќе да издржи: сакаше веднаш да излезе момата, да видат родителите, да видат сите, каква невеста ќе одведе во Ресен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе те испратам да станеш комита. И запамети: отсега имаш само еден родител: организацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Оттогаш имам само еден родител: Организацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слуша: пред колибата на нејзините стари родители водат бескрајно монотон разговор што потсетува на молитва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој нема родители. Тој му припаѓа на она што му ја заплени душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќе