рис м.

рис (м.)

Луман додаде: - Ти бев лут како рис, ама молбата на Дика ме смири, ќе ти простам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама за ѕверот - мечката или рисот... Земи ги пилињава шумски.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беа очи на рис, но премногу питомо-чувствени, способни да го покорат срцето со онаа податливост во која жената ја познава својата заљубеност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рисот сигурно го дебнел за сето време оној малумен клапчо, сигурно и многу поодамна на него, а сега беше побрз и го однесе во своите заби.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можеше да стори ништо против тоа, што рисот беше побрз од него, а знаеше дека тоа е некаков заенички лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лут како рис, внатре влезе татко му и викна: - Каде е тој непрокопсаник, неранимајко!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Командантот беше лут како рис.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сум видел јас и рис, и диви свињи. Мечка уште не сум сретнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како рис му се фрли на легнатиот војник, го јавна и го грабна со двете раце за врат. Не требаше многу да го држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пука. Во бездните се стрмосуваат јарци, свинчиња, рисови, диви пцишта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Загарка, велиш. Слатко ќе и ги прегризам вратните жили. Со сила на рис ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- ме брецнува татко ми лут како рис.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За да не цркнам како рис во кафез својата доза од интернет дрога морав да ја примам во најблиското и засмрдено од цигари интернет-кафе дружејќи се со копиљаците кои наместо да играат баскет и фудбал пред зграда, секојдневно ги вежбаат своите ратни вештини преку вечниот и неповторлив кантер страјк.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Животното во тебе… Она реткото, рисот!“ ми рече со зајадлив тон во гласот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)