рингла (ж.)
А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Панталоните да ги стави врз запалената рингла?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Толку фрштеше врз ринглата и чадеше, што кога влезе во кујната да се поздрави, мајка ѝ не ја ни слушна. - Што е ова? - рече Ема.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)