рзне (св.)
Јана сама рече дека сте луд и дека се кае.“ „Лажеш“, `рзна Отец Симеон и ги извади рацете од џеб. „Тоа таа не го рекла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коњ со минати подвизи? врело ’рзна и ги олабави мускулите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Полјакот постоја малку како живинка што одненадеж покиснала, а потоа кон луѓето `рзна заканувачки и се загуби надолу.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се развреска и ’рзна како бесен: - Само таму вам ви е местото! ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Кој знае немски?” 'рзна офицерот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И наеднаш коњот 'рзна и му се поткина 'ржењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во другата соба 'рзна одеднаш силна викотница. Сите се обѕреа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)