реши (несв.)

Тој реши 4 месеци да ги чека резултатите од воведувањето на реформите и после со „чиста совест” го објави востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ИЛИЈА: Штом говорите за доброто мое, оставам на вас како ќе решите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што сум јас будала и се замислувам за работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И тој уште од првиот час реши тврдо во себе си при прв случај да му каже на Белича да се вратат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Последниот час се сврши тој ден и Неда, како лани така и оваа година, на никого во очи не му се опулуваше, та реши ни на Крстета да не му се опулува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та затоа и тој стана толку рано и реши прв да ја погледа Неда, за да не се исплаши или засрами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Слушај, Бошко! Комитетот реши да го убие Лумана, и треба да го предадеш ти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Николче седеше на место, решен да умре но да не се помрдне, барем додека не дојдат да го помолат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се збираа неколку пати, се советуваа и најпосле решија да му одат на кадијата и да му ги бараат документите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа решија П’чивци да дадат селски некоја пара, и да станат сајбии од Рибник до Перун.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митко и Сашо решија да играат мечка и зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Андон реши: ќе влезе во кафето: Таму, како што правеа и другите, ќе седне, ќе извади пари и ќе го извика со чукање келнерот. Плаќа. Зошто да не влезе?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Реши да влезе во претсобјето и на вратата да наслушне.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сепак нешто станало кога веќе се решил да нѐ разбуди.“ И пак тој трепереше сеќавајќи се на зракот и на `рзнувањето и брзо се крстеше како да симува пајажеста павлака од челото: „Јас чув. Ви се колнам, јасно чув.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури кога ги подмири поважните работи, реши да си сошие и едно летно палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Вечерва ќе се обидам пак, можеби ќе го склонам да ми даде изан да го полагам мајсторскиот испит“, - си рече Веле, решен најотворено да разговара за тоа со Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе