решение (ср.)
Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ПОП ЈАНЧЕ: И ние донесовме решение да избегаш по Илија. Се согласуваш ли?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја земеш, за да доживее уште еден шамар.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И ние сношти, од името на црквата, донесовме решение за таа работа да ѝ го навртиме на Антица — Илија Кристафилов.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Мече веднаш тргна по него, надевајќи се дека сега ќе може да му каже за своето решение да се врати назад.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
— Шо да права мили боже? — се тапкаше сама кога го донесуваше ова решение.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа црвенило, таа збунетост, тоа решение да оди така бргу на вода, предизвика во неа оправдано сомневање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И го измени решението. — Ќе остана“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој беше лично до нашиот падишах и од него донесе свето решение разбојниците во Мариово да се фатат или поништат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тоа гласеше: „Решение број 12 од ден 7, четврти месец година таа и таа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Врабецот го искина розовиот плик, ги намести на клунот очилата и почна да го чита решението.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Одете си вие! - им рече тој. - Ќе ја проучам тужбата, ќе се советувам и со други судии и судот ќе донесе праведно решение.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)