ренесансен (прид.)
Ренесансниот Хомер на Чепмен е далеку од контролираната верзија на Поуп, ремек дело од осумнаесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Раѓањето на кубизмот кој ја распарчи ренесансната слика - прозорец во илјадници стакленца од односни сетилни реалности - се случи практично истовремено со Einstein-овата формулација E=MS2 од 1905 година.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Знаменитиот есеист од ренесансната епоха Мишел Екем Монтењ, еврејскиот маран, преобратен христијанин, во една од најчитаната книга на сите времиња, во неговите Есеи, на пријателството му посвети одделен есеј кој не престанува да се толкува речиси пет векови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)