резон (м.)
Како таа да не била предвидена од резонот на апаратските бирократи кои ќе се покажат мошне вешти со нивните први реакции.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Велеше, уште со својот резон на автодидакт, дека природните феномени верно се одразуваат како на огледало врз човековиот дух.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Колку тешко се наоѓаат вистински зборови кога си во дијалог со болката и со нејзините резони. – Станува збор за такви околности кога ни се чини дека секој може да згреши - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговиот студен, картезијански резон, кај заинтересираниот соговорник можеше да произведе збунетост и страв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Денес, на пример, според неговиот резон триумфира една вера, една идеологија или едно уверение.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според Ајнштајн, она што го става во погон човековиот резон, то ест она што го нагонува да измислува, да создава, се стравот и моралот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„На ненаселен остров не можеш да се прославиш“ рекол рускиот сатиричар Емил Кротки. Славата е резултат на човековиот резон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Татко, посебно запре на Речникот на излитените идеи на крајот на романот Бувар и Пекуше, кои произлегува од автодидактичкиот резон на јунаците на Флобер во судир со науката, со гротескен, хуморен и комичен ефект!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според Татковиот резон човек со толку силна приврзаност кон книгите и нивната вистина можел да биде само добар и невино настрадал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)