раширен прид.

раширен (прид.)

Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Српската пропаганда е раширена низ цела Македонија без Костурско, Серско, Петричко, Драмско, т.е. без крајниот југ и крајниот исток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како најтипичен и раширен српски дијалект се јавува босанско-херцеговското или јужното српско наречје што од времето на Вук Караџиќ е литературен јазик на Србо-Хрватите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се предупредат жртвите од едно секадешно востание, се изработи февруарскиот руско-австриски проект за реформи, вистина не совршен, но со договор оти тој ќе биде постепено раширен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бодни, о поет, твојата муза да летне над раширен свет да пее со горчлива солза за гладни под ропски гнет.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Писарот ја премести капата над чело и како артист, со раширени раце и подадена нога, драматично зашумоли со сета своја рибја крв: - Ова е, молам, навреда за законот, за државата. Јас не дозволувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трајко го дочека Петка со раширени раце и веднаш се договорија кога да тргнат кај владиката да му ја однесат молбата со потписите од селаните за да го запопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Полуотворени усти, раширени очи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Месечината ги пречека со раширени раце и ги седна на својата брада.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крстан го гледаше со раширени очи и потона во тешки мисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја виде жива, стварна, со лекиот, бешумен oд, со благите малу замаглени од загриженост очи и рацете, - раширени кринови, меки, - секогаш спремни да помогнат, да помилуваат, да прегрнат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја гледаше, ја гледаше низ раширените прсти, и можеби токму затоа што така долго и внимателно ја гледаше и ја испитуваше, таа му помогна да открие многу работи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Истрчува и тетка Анѓа и со раширени раце нѐ запира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му ја фрли торбата на Митрета и се издолжи на снегот, со раширени раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја спуштив Биле на тревата, а таа како пеперутка, со раширени раце, полета кон својата праска. Тргнав по неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Штом ме виде полета кон мене со раширени рачиња: - Тато, тато, да видиш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Победив! Победив! - викаше со раширени раце, растерувајќи ги орлите кои кружејќи речиси го допираа со крилата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе