растопува несв.
растопување ср.

растопува (несв.)

Светат лицата на овие младичи во неснослива усвитеност и се растопуваат во црвената проѕирност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бледото лице на Арсо постепено се растопуваше во мракот веќе налепен во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше како некоја маѓија, од која оние двајца се растопуваа во таа млечна нестасаност на виделината, бидејќи тука всушност како да немаше никакво оддалечување. Сигурно затоа што им ги гледаше само грбовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ноќта е повообичаена отколку што е вообичаено. Згазениот пикавец се растопува на дождот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сочинета од маглив превез или нешто слично, превез кој наеднаш се растопува и исчезнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сонцето преку ден ги растопуваше смолите и маслата во нив и навечер тие го испуштаа својот опоен мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Грутката чемер што ја носеше во градите почна да се растопува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)